Достапни линкови

Грција од денеска со техничка влада


Панајотис Пикраменос

Панајотис Пикраменос

Грција денеска доби преодна влада составена од 16 министри, главно високи функционери и универзитетски професори. 67 годишниот претседател на Врховниот управен суд Панајотис Пикраменос кој вчера беше наименуван за технички премиер изјави дека главна задача на владата е да ги подготви новите избори закажани за 17 идниот месец. За министер за финансии е поставен Јоргос Занијас, поранешен шеф на државниот економски совет, а министер за надворешни работи е 83 годишниот Петрос Моливијатис, кој таа функција ја извршуваше од 2004 до 2006 година. Нов министер за одбрана е Франгос Франгулис, поранешен шеф на Генералштабот. Владата треба да положи заклетва пред денешната конститутивна седница на новиот парламент.
XS
SM
MD
LG