Достапни линкови

Северна Кореја работи врз инсталирање на нуклеарен реактор


Медиумите од Јужна Кореја објавија дека Северна Кореја почнала да работи врз инсталирањето нуклеарен реактор. Според нивните извештаи, снимките што ги имаат од 30. април покажуваат дека работата врз инсталирањето на нуклеарниот реактор продолжила повторно по прекинувањето во декември минатата година.Ова, како што се оценува, било потврда дека таа земја продолжува со експанзијата на своето нуклеарно оружје. Според медиумите раекторот може да биде оперативен за една до две години.
XS
SM
MD
LG