Достапни линкови

Обвинувања за егзекуции во Сирија


Тим на меѓународни набљудувачи биле евакуирани од град во северот на Сирија денеска, додека провладините воени сили се обвинети за егзекуција на цивили во друго населено место. Сиријската обзерваторија за човекови права соопшти дека лојалистите на претседателот Башар ал Асад убиле најмалку петнаесет лица во населба во градот Хомс. Организацијата дополнува дека се извршувале и сумарни егзекуции. Според проценките на оорганизацијата базирана во Британија, вчера во Сирија загинале 60 лица. Во меѓувреме, група набљудувачи на Обединетите нации била евакуирана од градот Кан Шеикун, еден ден откако бомба поставена покрај пат го погоди нивниот конвој.
XS
SM
MD
LG