Достапни линкови

Не се знае кога Пакистан ќе ја прекине блокадата


Пакистанската влада го подржа финализирањето на договор за повторно отворање на виталните рути за снабдување на трупите на НАТО во Авганистан. Сепак, надлежните го прекинаа денешниот состанок пред конечно заклучување на преговорите кои земјата ги води со Соединетите американски држави и за сега не се знае кога коридорите ќе бидат одблокирани. Блокадата настана поради воздушен напад на Соединетите американски држави во кој загинаа 24 пакистански војници. САД изразија жалење за инцидентот но не понудија извинување. Настанот ги влоши веќе чувствителните билатерални односи меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG