Достапни линкови

Германија се надева на способна грчка влада по 17 јуни


Берлин се надева дека во Грција ќе се формира „влада способна да дејствува“ по парламентарните избори на 17 јуни, изјави денеска портпаролот на германската Влада Штефaн Зајберт. Тој рече дека предизвиците што ја очекуваат Грција без сомнение се големи. Запрашан за новата транша финансиска помош, што Грција треба да ја добие на крајот од јуни Зајберт рече дека тоа не може да биде решено во средината на мај. Тој го повтори и ставот на германскиот канцелар Ангела Меркел искажана на синоќешната заедничка прес-конференција со францускиот претседател Франсоа Оланд, дека Берлин не сака Грција да излезе од еврозоната, но дека треба да се придржува до превземените обврски.
XS
SM
MD
LG