Достапни линкови

Украина ќе дозволи посета на европски експерти за случајот на Тимошенко


Микола Азаров

Микола Азаров

Премиерот на Украина Микола Азаров рече дека Европската унија може да испрати експертски тимови кои би ја процениле здравствената состојба на екс-премиерката Јулија Тимошенко како и да го проверат судскиот процес кој доведе до нејзината седумгодишна затворска казна. Азаров во своето обраќање пред Евроспкиот парламент рече дека европски медицински тим може да ја посети Украина со цел да ја прегледа Тимошенко, која по речиси тринеделен штрајк со глад се опоравува во болница во градот Каркив. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц рече дека по „интензивните и чесни дискусии“, потегот на Азаров е „вистински чекор напред“.
XS
SM
MD
LG