Достапни линкови

Сведокот на Ел Масри не се појави на суд


Сведокот на Калед ел Масри, кој ја тужи Македонија пред Европскиот суд за човекови права не се појави пред судот во Стразбур, јавуваат медиумите. Ел Масри не можеше да присуствува на јавната расправа поради тоа што е во затвор во Германија поради напад на службено лице, пишуваат јавните гласила. Македонскиот владин тим кој ја застапува државата во предметот против Масри, побарал да биде иземена изјавата на анонимниот сведок, за кој се вели дека е висок државен функционер, без притоа да се даде неговиот идентитет. Адвокатскиот тим на германскиот државјанин со либанско потекло очекува Судот за човекови права во Стразбур да ја потврди неговата верзија дека македонските тајни служби незаконски го задржале и му ги повредиле човековите права.
XS
SM
MD
LG