Достапни линкови

Бекам ќе го носи олимпискиот факел


Англискиот фудбалер Дејвид Бекам ќе учествува во носењето на олимпискиот оган од Грција до Британија во Петок, како што се наближува датумот за официјален старт на игрите. Бекам, кој моментално игра за Лос Анџелес Галакси во Соединетите американски држави, ќе учествува на церемонијата за предавање на факелот во Атина. Кога ќе пристигне во Британија, факелот ќе се носи на тура низ кралството во времетраење од 70 дена, активност во која се вклучени 8,000 лица. Летните олимписки игри во Лондон ќе започнат на 27 јули.
XS
SM
MD
LG