Достапни линкови

Пикраменос на чело на службената грчка влада


Привремената влада ќе ја води Грција до следните избори

Привремената влада ќе ја води Грција до следните избори

Грчкиот претседател Каролос Папуљас му го врачи мандатот за формирање на службена влада на претседателот на Државниот совет Панајотис Пикраменос, пишува во електронското издание на грчкиот весник „Нафтемборики“. Претходно на средбата со шефот на државата лидерите на политичките партии одлучија да се состави службен кабинет, што земјата ќе ја води до новите парламентарни избори на 17 јуни. На средбата со претседателот Пикраменос како основна цел го поставил почитувањето на авторитетот на државата и мирниот преод кон нова политичка влада.
XS
SM
MD
LG