Достапни линкови

logo-print

Извештаите на УБК се разгледуваат зад затворени врати


Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска на седница затворена за јавноста ќе ги разгледуваат Извештајот за работата на УБК за 2011 година како и ланскиот извештај за работата и програмата за работа за 2012 на организацијата. Претседателот на Комисијата Горан Минчев рече дека станува збор за класифицирани информации како државна тајна и затоа треба да се разгледуваат на затворена седница.
XS
SM
MD
LG