Достапни линкови

Иран се противи на плановите за арапска унија


Иран излезе со нови критики за арапските заливски држави кои планираат формирање на политичпка економска и воена унија. Пропагандниот координациски совет, кој со државна подршка ги организира демонстрациите во Иран, ги повика жителите на земјата да излезат на протести по молитвите во петокот во знак на незадоволство од, како што сметаат, план на САД со кој Бахраин ќе стане анекс на Саудиска Арабија. Иранското министерство за надворешни работи предупреди дека евентуална унија би можела да ги продлабочи раните во Бахраин, откако Саудиска Арабија испрати трупи во земјата со цел задушување на протестите на шиитското мнозинство. Шесте земји сојузнички на САД: Саудиска Арабија, Куваит, Бахраин, Омар, Катар и Обединетите арапски емирати веќе се врзани во Советот за соработка меѓу заливските земји, кој беше формиран во 1981 година, со цел да се пружи отпор на иранското влијание.
XS
SM
MD
LG