Достапни линкови

logo-print

Нови избори во Грција на 17 јуни


Новите парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 17 јуни, одлучија лидерите на политичките партии, кои денеска имаа средба со претседателот Каролос Папуљас. За претседател на преодната Влада е назначен првиот човек на Државниот совет Панајотис Пикраменос. Лидерите на Нова демократија и ПАСОК, Андонис Самарас и Евангелос Венизелос предложиле на чело на службената Влада да биде досегашниот премиер Лукас Пападимос. Од Грчката комунистичка партијаа го отфрлиле предлогот. Претседателот на коалицијата на радикалната левица СИРИЗА Алексис Ципрас побарал да се замрзне донесувањето нови рестриктивни мерки од јуни, како и планираната приватизација.
XS
SM
MD
LG