Достапни линкови

Станови има, охриѓани немаат пари


Охрид.
Охрид.

Продажбата на станови во Охрид е катастрофална и никогаш не била полоша, велат од Агенциите за недвижности.

Илјада новоизградени станови во Охрид може да останат празни. Продажбата на недвижнини во туристички Охрид е катастрофална и е најниска во последниве десет години велат за Радио Слободна Европа од Агенциите за недвижнини во градот. Наташа Спасеска, сопственик на Агенцијата за надвижности Капитал и Александар Трајкоски од Агенцијата Енхелеја велат дека иако понудата на станови е висока како никогаш досега, продажбата е сведена на минимум.
Имаме огромна понуда од една страна, што не беше случај до пред две години. Но тогаш имавме недоволна понуда. Масовно се гради. Во Охрид имаме многу нови локации и градби. Има и луѓе кои имаат станови кои ги купиле во минатото, но им требаат пари и ги продаваат, но побарувачката сега е многу мала, скоро и да ја нема.
Наташа Спасеска, сопственик на Агенцијата за надвижности Капитал.

„Имаме огромна понуда од една страна, што не беше случај до пред две години. Но тогаш имавме недоволна понуда. Масовно се гради. Во Охрид имаме многу нови локации и градби. Има и луѓе кои имаат станови кои ги купиле во минатото, но им требаат пари и ги продаваат, но побарувачката сега е многу мала, скоро и да ја нема“, рече Спасеска.
Наташа Спасеска, сопственик на Агенцијата за надвижности Капитал од Охрид.
Наташа Спасеска, сопственик на Агенцијата за надвижности Капитал од Охрид.

„Ако ја погледнете архивата на мојот комјутер во 2008 и 2009 година ќе видите дека имаме 15 станови просечно годишно продадено. Ако видите во 2011 година ќе видите 3 до 4 станови. Од овде може да заклучите дека продажбата е катастрофална“, рече Трајкоски.
Ако ја погледнете архивата на мојот комјутер во 2008 и 2009 година ќе видите дека имаме 15 станови просечно годишно продадено. Ако видите во 2011 година ќе видите 3 до 4 станови. Од овде може да заклучите дека продажбата е катастрофална.
Александар Трајкоски, Агенција за недвижности Енхелеја.

Причината за ваквата состојба тие ја гледаат во беспарицата, но и во нелојалната конкуренција, односно во продававачите на станови на црно, а кои во Охрид ги имало околу 15. Во Охрид при продажба на станови се повеќе функционира т.н компензација-систем.

„Имате ситуација каде еден инвеститор инвестира во зграда и имате компензација со фирмата или луѓето кои прават санитарија, со оние кои ја прават дограмата, со фасадери, со сопствениците на земјиштето и тоа се сведува да на крај станови продаваат фирми кои продаваат санитарија, фирми кои прават фасади продаваат станови и на крај станови продаваат луѓе кои даваат приватно сместување“, вели Трајкоски.

„Секој си дозволува да застане на улица и како уличен продавач да продава недвижности. Тие луѓе кои продаваат или немаат фирма, или да се заштитат регистирирале некој правен субјект но фирмата не е активна и не плаќаат даноци“, вели Спасеска.

РСЕ: Имате ли информации дека некој граѓанин е измамен?

„Да, имаме, бидејќи ние комуницираме меѓу себе“, вели Спасеска.

Охриѓани сметаат дека цените на становите во Охрид се уште се превисоки.

„1100-1200 евра е многу високо, реално за овие е два града е цената да е 700 евра. Дека е падната продажбата се осеќа.“

„Нема пари, со што да се купува? Цените се високи, а платите се ниски и уште пониски ќе бидат“, велат анкетираните охриѓани.

Сепак, од Агенциите велат дека сега е најпогодниот момент да се инвестира во недвижнини, бидејќи цените за квадратен метар станбен простор биле најниски во последните неколку години, пониски за 10 до 20 отсто. Поради немањето на работа, неколку агенции за недвижнини во Охрид ставиле клуч на врата.
XS
SM
MD
LG