Достапни линкови

Стано: ЕК не подржува насилни протести во Македонија


Петер Стано

Петер Стано

Се разбира дека не подржуваме никого што ќе одржи насилни демонстрации, на кои ќе бидат извикувани пароли против Македонците или Албанците во Македонија, изјави Петер Стано, портпаролот на европскиот комесар за проширување Штефан Филе, на новинарско прашање во врска со неговото денешно ретерирање дека ЕК не побарала прекин на протестите во Македонија во врска со истрагата за убиството на петтемина кај Смиљковското езеро. Македонската информативна агенција јави дека според Стано, Комисијата бара да се остават државните органи на прогонот, обвинителството и судот да работат на мир во разрешувањето на грозоморниот настан што се случи на Велики петок. „Една од основите на функционирањето на Европската унија е почитување на правото на изразување, а тоа значи и правото на организирање мирни протести. Велам мирни, не насилни протести на кои ќе се фрлаат предмети кон зградата на Владата, ќе се повикува да се убиваат Македонци или ќе се повредуваат припадници на полицијата“ дополнува портпаролот на Филе.
XS
SM
MD
LG