Достапни линкови

Приведени 12 илегалци во Боговиње


СВР Тетово при контрола што ја спроведе утрово откри и приведе 12 албански државјани кои непријавено престојувале во село Боговиње, информираше портпаролот Марјан Јосифовски. „Приведените поседувале патни или други документи за идентификација, но непријавено престојувале на подрачјето. По целосното расчистување на сите поединости поврзани со нивниот престој и работење, против нив ќе бидат превземени соодветни мерки“ рече портпаролот.
XS
SM
MD
LG