Достапни линкови

Пешевски: Договорен е извоз на македонско вино во Кина


Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од Македонија за извоз на македонското вино од Македонија во Кина.
Како што изјави за МИА вицепремиерот Владимир Пешевски,претседателот на кинеската дистрибутивна винска компанија Фу Сјуе Ју, која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет, на синоќешната презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании.
XS
SM
MD
LG