Достапни линкови

Запален автомобилот на шефот на Работната група на ЕУ за Грција


Автомобилот на шефот на Работната група на ЕУ за помош во реформите на државниот сектор на Грција, Хорст Рајхенбах е уништен во подметнат пожар, соопшти денеска германското обвинителство.
Одговорноста за подметнување на вчерашниот пожар ја презеде непозната група, која се нарекува „Луканикос“.
Луканикос е името и на куче скитач, што често се гледа на протестите во Атина.
Германското радио „РББ“ јави и дека врз домот на Рајхенбах во близина на Берлин биле фрлани кеси со боја.
XS
SM
MD
LG