Достапни линкови

logo-print

Груевски на бизнис форум во Чингдао


Груевски во Пекинг

Груевски во Пекинг

Премиерот Никола Груевски кој престојува во Народна Република Кина, денеска ќе се обрати на бизнис форум во Чингдао, каде ќе има средба и со претставници на кинеската компанија за информатичка технологија „Хајер“.
Можностите за инвестирање во Македонија утре ќе бидат претставени на бизнис форумот во Шангај, а владината делегација ќе ја посети и компанијата „Хуавеј“, чиј делокруг на работа е информатичко-комуникациска технологија.
Вчера премиерот се сретна со кинескиот колега Вен Џиабао. На средбата ја реафирмираа високото ниво на добри политички односи кои владеат меѓу двете земји кои се карактеризираат и развиваат во дух на пријателство, меѓусебно разбирање и со висок степен на доверба.
XS
SM
MD
LG