Достапни линкови

Хаг - започна процесот против Младиќ


Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

Во Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг започна судењето на 69-годишниот Ратко Младиќ, поранешен командант на војската на Република Српска, обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз Муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ од 1992 до 1996 година.
Претседателот на судот Теодор Мерон вчера го отфрли барањето на одбраната на Младиќ за одлагање на постапката и за изземање на судијата претседавач, Холанѓанинот Алфонс Ори. Почетокот на процесот, според најавите, го следат 126 новинари од медиуми од целиот свет.
Младиќ беше уапсен од страна на српските власти на 25 мај минатата година во Лазарево кај Зрењанин, а во Хаг беше доведен 6 дена по апсењето.
XS
SM
MD
LG