Достапни линкови

Австралија - 300 милиони долари за авганистанските сили


Австралија соопшти дека ќе им додели 300 милиони американски долари на силите за безбедност на Авганистан по повлекувањето на странските сили.
Според соопштението на владата, од 2015 три години по ред Австралија ќе донира по 100 милиони долари.
Австралија има 1550 војници во Авганистан кои претежно ги обучуваат авганистанските сили. Нивното повлекување ќе започне во 2013 година.
XS
SM
MD
LG