Достапни линкови

Во Грција ќе биде формирана службена влада до нови избори


Каролос Папуљас

Каролос Папуљас

Претседателот на Грција Каролос Папуљас денеска ќе ги прими лидерите на сите парламентарни партии поради формирање службена влада, која ќе биде задолжена за тековните работи до одржување нови избори. Напорите за формирање коалициска, а подоцна и технократска влада по изборите од 6 мај беа неуспешни. Лидерите не можеа да постигнат согласност за коалицирање поради мерките за штедење, кои се предуслов за добивање пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, за да се избегне банкрот на земјата.
Новите парламентарни избори би требало да се одржат на 10 или на 17 јуни.
XS
SM
MD
LG