Достапни линкови

Во Хаг почнува судењето на Ратко Младиќ


Денеска пред Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг почнува судењето на 69-годишниот Ратко Младиќ, поранешен командант на војската на Република Српска, обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз Муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ од 1992 до 1996 година.
Претседателот на судот Теодор Мерон вчера го отфрли барањето на одбраната на Младиќ за одлагање на постапката и за изземање на судијата претседавач, Холанѓанинот Алфонс Ори. Судењето ќе почне со воведен збор на обвинителството, кој се очекува да трае 6 работни часови. Почетокот на процесот ќе го следат 126 новинари од медиуми од целиот свет.
Младиќ беше уапсен од страна на српските власти на 25 мај минатата година во Лазарево кај Зрењанин, а во Хаг беше доведен 6 дена по апсењето.
XS
SM
MD
LG