Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Пакистан ќе учествува на самитот на НАТО


Асиф Али Зардари (во средината) на неодамнешната средба со колегите од Иран и Авганистан

Асиф Али Зардари (во средината) на неодамнешната средба со колегите од Иран и Авганистан

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ќе учествува на самитот на лидерите на НАТО во Чикаго, кој ќе биде одржан овој викенд, изјави претставник на пакистанската амбасада во Вашингтон. Претходно НАТО соопшти дека го поканил Пакистан на самитот, запирајќи ги шпекулациите дека Исламабад може да биде исклучен поради сериозно затегнатите односи со Алијансата предизвикани од воздушните напади на НАТО во ноември, во кои загинаа 24 пакистански војници. Оваа објава доаѓа по состанокот на пакистанските лидери посветен на тоа дали земјата повторно ќе ги отвори границите за снабдување на НАТО трупите во Авганистан. Се очекува нивната одлука да биде соопштена на самитот во Чикаго.
XS
SM
MD
LG