Достапни линкови

Полицијата влезе во камп на протестанти во Москва


Руската полиција рано изутрината пристигнала во кампот „Окупирај го Абаи“ поставен од демонстранти во Москва, јави Интерфакс. Претставник на опозициското движење „Улична уметност“ за Радио Слободна Европа изјави дека најмалку еден протестант бил приведен. Подоцна полицијата соопшти дека привела 20-на протестанти кои не го послушале полициското барање да го напуштат кампот. Протестантите го подигнаа овој камп во близина на споменикот на казахстанскиот поет Абаи Кунанбаев во знак на револт поради масовните апсења на антивладините демонстрации што беа одржани на 6 мај.
XS
SM
MD
LG