Достапни линкови

Мајка во Флорида ги убила своите 4 деца, па се самоубила


Една мајка од Порт Сент Џон во американската сојузна држава Флорида ги убила своите 4 деца, а потоа се самоубила. Претставник на полицијата изјави дека во куќата не е најдено никакво проштално писмо, а еден сведок рекол оти од мајката добил СМС порака во која изразува желба да биде кремирана заедно со децата. Според полицијата, таткото на децата не живеел со нив.
Засега не се познати мотивите кои довеле до трагедијата, но се знае дека и порано од оваа куќа имало повици кои се однесувале на насилство во семејството.
XS
SM
MD
LG