Достапни линкови

logo-print

Грузија ќе се пријави за домаќин на Еуро 2020


Грузиските власти соопштија дека самостојно ќе конкурираат за домаќини на Европскиот фудбалски шампионат во 2020 година, со што се откажува претходниот план земјата да конкурира заедно со Азербејџан. Грузискиот министер за спорт Владимер Вардзеласхвили изјави дека одлуката била донесена откако Азербејџан побарал да биде домаќин на олимпијадата во 2010 година. Грузија има слаба спортска инфраструктура но министерот посочи дека веќе се реновираат стадионите во Тбилиси и се планира изградба на модерен стадион во Батуми.
XS
SM
MD
LG