Достапни линкови

logo-print

Шврговски: Поседуваме солидни докази за случајот „Монструм“


Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски денеска изјави дека Обвинителството поседува солидни докази кои укажуваат дека уапсените во акцијата „Монструм“ се вистинските извршители и помагачи на петкратното убиство кај Смиљковци, кое се води како тероризам. Тој не открива детали од истрагата, но потврди дека се користеле посебни истражни мерки. „ Тие се легитимни, дадена е наредба на истражен судија во законска процедура. Нормално дека тие аудио записи ни помагаат во водење на истрагата и градење на нашата теза дека за лицата што ги обвинуваме врз основа на доказите со кои располагаме постои висок степен на сомнение дека тие се лицата кои го извршиле или помогнале во кривичното дело“ изјави обвинителот додавајки дека не ги подржува протестите кои настанаа после акцијата.
XS
SM
MD
LG