Достапни линкови

Сервер: Македонија да добие покана за членство во НАТО


Американскиот аналитичар Даниел Сервер повика Македонија да добие покана во Чикаго за што, според него, потребно е на самитот Македонија и Грција да се обврзат дека ќе го решат спорот во одреден временски период по самитот. „Ќе биде навистина тешко да се спречи прелевањето на економската нестабилност од Грција, каде гласачите ги одбиваат мерките за штедење и предизвикуваат сериозни проблеми за еврото и за Европската Унија. Но, може да се избегне прелевањето на политичката нестабилност. Етничките тензии во Македонија се зголемија, делумно и поради неможноста на земјата да влезе во НАТО“ пишува Сервер. Повикувајќи се на изјави на албански политичари во Македонија, аналитичарот вели дека влезот во НАТО е важен за да се спречат растечките повици за создавање на пан-албанско движење.
XS
SM
MD
LG