Достапни линкови

Човек се самозапали пред судот во Осло


Човек се самозапалил пред судот во Осло каде се одржува судењето на масовниот убиец Андрес Бреивик. Полицијата соопшти дека човекот е тешко повреден и пренесен во болница. Инцидентот се случил во близина на полициски контролен пункт пред објектот. За сега не се соопштува идентитетот на повредениот. Бреивик се соочува со обвиненија за тероризам откако призна дека застрелал 69 лица, многумина од кои тинејџери кои биле на младински камп на островот Утоеја. Вториот напад Бреивик го извел со детонирање на бомба во главниот град на Норвешка.
XS
SM
MD
LG