Достапни линкови

logo-print

Протест во Москва прогласен за нелегален


Судот во Москва го прогласи за илегален протестниот камп во рускиот главен град, со што се создава можност полицијата да го растури. Судот го покрена случајот откако жители на Москва се пожалија на врева и уништување на зелените површини на кои демонстрантите го поставија кампот. Станува збор за движењето Окупирај го Абаи, бидејки шаторите се наоѓаат околу споменик на казахстанскиот поет Абаи Кунанбаев. Се верува дека десетина луѓе постојано се наоѓаат во кампот.
XS
SM
MD
LG