Достапни линкови

Венизелос: Во Грција ќе се одржат нови избори


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Грчкиот социјалистички лидер Евангелос Венизелос изјави дека во Грција ќе се одржат нови избори откако разговорите за коалицирање пропаднале. Претседателот Карлос Папуљас се сретна со лидерите на петте политички партии со кои разговараше за формирање на технократска влада. Претходните напори за формирање на коалициска влада беа неуспешни по изборите на 6 мај. Ниту една политичка партија не доби потребно мнозинство гласови а лидерите не можат да постигнат согласност за коалицирање поради мерките за штедење, кои се предуслов за добивање на пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, се` со цел да се избегне банкрот.
XS
SM
MD
LG