Достапни линкови

Марш на Палестинците по повод „накба“


Илјадници Палестинци маршираа на Западниот брег, одбележувајки ја годишнината од нивното раселување за време на војната за создавање на Израел. Илјадници Палестинци избегаа или присилно ги напуштија нивните села во 1948 година, период кој се нарекува „накба“ или катастрофа. Денес има неколку милиони бегалци и нивни потомци од тој период низ целиот свет. Денешниот марш се одржа во градот Рамала. Присутните носеа транспаренти на кои пишува: „Враќањето е наше право и наша судбина“.
XS
SM
MD
LG