Достапни линкови

logo-print

Итно подобрување на медиумските слободи


Македонија треба да преземe итни чекори за справување со проблемите на полето на медиумските слободи, се вели во извештајот на Меѓународната комисија за слобода на медиуми.

Државните власти во Македонија треба да преземат итни чекори за справување со проблемите на полето на медиумските слободи што беа нагласени од Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија како и од Специјалниот претставник на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ, се вели во извештајот на Меѓународната комисија за слобода на медиуми чии претставници беа земјава во ноември во мисија на утврдување на фактичката состојба.
Мислам дека за првпат во Македонија една поширока лепеза на светски и европски невладини организации зборуваат со еден глас за слободата на медиумите во Македонија и мислам дека одговорните во Македонија, во владата, треба најдобронамерно да ги прифатат и да постапат по нив.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани смета дека без посветеност на владата врз стравувањата изразени во извештајот, но и препораките содржани во него, Македонија нема да може да продолжи да се оправдува дека станува збор за необјективна слика.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ.


„Мислам дека за првпат во Македонија една поширока лепеза на светски и европски невладини организации зборуваат со еден глас за слободата на медиумите во Македонија и мислам дека одговорните во Македонија, во владата, треба најдобронамерно да ги прифатат и да постапат по нив“, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Таа мисија имаше можност да се види и со премиерот, така што веројатно тие успеаја да ги сослушаат сите страни и да дојдат до еден заклучок којшто воопшто не е розов. Сега е време мислам за акција во сите погледи, потребно е измена на закони, примена на закони и секако да спласне тој притисок на којшто се изложени медиумите, и од политиката и од бизнисот.

Во врска со препораките за остварување на медиумската слобода во извештајот се посочува дека отсуствува медиумски плурализам и разновидност, дека законите, особено даночните, селективно се примнуваат и се потсетува дека треба да се обрне внимание за да се обезбеди законска и правна рамка за заштитата на слободата на изразувањето да биде конзистентна.

Мисијата потсетува дека и Европската комисија во својот извештај вели дека разновидноста на медиумите е ослабена, јавниот радиодифузер не успева да ја игра улогата што ја има според статутот, а владата е еден од најголемите огласувачи во државата и постои стравување дека ги насочува фондовите кон телевизиите што ја поддржуваат. Исто така, со оглед на начинот на кој беше променет составот на Советот за радиодифизија, членовите на мисијата заклучуваат дека проширувањето на составот на советот останува прашање за кое постои загриженост. На Мисијата исто така и било кажано дека Комисијата за лустрација обработувале и неколку независни новинари и оти на процесот му недостасува транспарентност.

„Таа мисија имаше можност да се види и со премиерот, така што веројатно тие успеаја да ги сослушаат сите страни и да дојдат до еден заклучок којшто воопшто не е розов. Сега е време мислам за акција во сите погледи, потребно е измена на закони, примена на закони и секако да спласне тој притисок на којшто се изложени медиумите, и од политиката и од бизнисот“, вели Селмани.

Мисијата која се состои од повеќе познати медиумски организации како Фрудом хаус и Индексот за цензира е организирана откако неколку организации ја изразија својата загриженост околу состојбите во медиумите во Македонија. Поради такви констатации, мисијата била во посета и на Унгарија.

За време на посетата, групата одржала средби со претставници од Владата, Собранието, опозицицијата, граѓанското општество новинарските здруженија и со поединечни новинари.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG