Достапни линкови

Ромите во Тризла на работ на егзистенција


Ромски деца во населбата Тризла во Прилеп.
Ромски деца во населбата Тризла во Прилеп.

Повеќе од 10 илјади Роми во прилепската населба Тризла живеат на работ на егзистенцијата.

Со минимални средства за живот, а многу денови и без денар за храна, без огрев во студените зими, без елементарни услови, на работ на голата егзистенција живеат преку 10.000 Роми од прилепската населба Тризла.
Овде е многу ладно во зима, 13 кубици дрва изгоревме, плус децата немаат хигиена, а одат на училиште, немаме вода доволно, езерска пиеме вода, струјата како свеќа е исто така, сакаме до началникот исто така да дојди овдека, да ни постави вода за пиење, да се подобри електричното напојување, треба овие деца да имаат хигиена.
Арешка Исмаилоскa, жителка на прилепската населба Тризла.

Најголем дел од нив едвај преживуваат, питачат по зградите, населбите, во градот, кога ќе се вратат доцна во ноќта легнуваат на картонски кутии, се покриваат со партали, се движат во калливата населба, која личи повеќе на дива депонија. Ниту доволно вода, ниту пат квалитетно електрично напојување има во оваа населба. Луѓето се чувствуваат препуштени сами на себе, заборавени од општеството.

И покрај Декадата на Ромите и покрај мерките за задолжително образование, социјалните проблеми со кои се соочуваат овие луѓе и енормната невработеност се причина за крајно тешката ситуација во која се наоѓаат.
Со изградба на колектор и фекална и атмосферска канализација, најголем дел од 4 до 5 милиони евра е наменет за реконструкција во оваа населба со што еднаш засекогаш ќе го решат проблемот со отпадните води, а при тоа да можеме да пристапиме кон асфалтирање на одредени улици кои не се асфалтирани или покриени со внатрешна инфраструктура.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Овде е многу ладно во зима, 13 кубици дрва изгоревме, плус децата немаат хигиена, а одат на училиште, немаме вода доволно, езерска пиеме вода, струјата како свеќа е исто така, сакаме до началникот исто така да дојди овдека, да ни постави вода за пиење, да се подобри електричното напојување, треба овие деца да имаат хигиена“, вели Арешка Исмаилоскa.

„Има и од змии и од смокови, ама не дошол никој да се интересира, нема никаков контакт за ова население“, вели Ќамил Рамоски од Тризла.

Болеста лесно и брзо чука на вратите од овие семејства, зашто овие жители немаат пари ниту за минимална здравствена заштита, а не за посложени зафати кои се неопходни за зачувување на нивното здравје.

„Јас 2.000 денари земам, со нив не се живее.“

„Петнаесет души, јас ги ранам сама, се нема од каде.“

„Сестра ми е болна, тука ни е исто, братот има почеток на тумор, ни бараат 500 евра за на болница и немаме средства од каде да му најдеме, за да го направиме операција“, се жалат жителите на оваа населба.

Во Општина Прилеп велат дека неколку години по ред се реализираат различни инвестициони проекти за да се подобри инфраструктурата. Асфалтиран е дел од населбата на улицата „Тризла“ што е поблиску до градот.

„Со изградба на колектор и фекална и атмосферска канализација, најголем дел од 4 до 5 милиони евра е наменет за реконструкција во оваа населба со што еднаш засекогаш ќе го решат проблемот со отпадните води, а при тоа да можеме да пристапиме кон асфалтирање на одредени улици кои не се асфалтирани или покриени со внатрешна инфраструктура“, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Тој најавува дека чекор по чекор условите за живот во оваа населба ќе се подобруваат. И не само од материјален аспект, локалната власт со деталниот урбанистички план предвиде изградба на џамија во овој дел од градот. А, како што вели градоначалникот изградбата ќе започне годинава.

Но, сепак мора да се напомене дека за решавање на огромните проблеми на ромската бројна популација во Прилеп, потребни се многу средства и бројни зафати, зашто условите во кои живеат се под сите норми.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG