Достапни линкови

Обама нема да присуствува на самит во Русија


Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама нема да присуствува на самит во Русија закажан во септември. Азиско – пацифичкиот форум за економска соработка во Вадивосток, чиј домаќин е рускиот претседател Владимир Путин, се поклопува со националната конвенција на американската Демократска партија, кога Обама треба да ја прифати номинацијата за повторна кандидатура на изборите во САД во ноември. Соопштението од Белата куќа следи откако Путин го откажа присуството на средбата на членките на Г8 која е закажана за викендов во претседателската вила Кемп Дејвид .
XS
SM
MD
LG