Достапни линкови

logo-print

Конструктивни разговори меѓу Иран и ОН


Али Ашгар Солтаниех

Али Ашгар Солтаниех

Ирански дипломат вели дека разговорите со меѓународните инспектори за атомска енергија во врска со нуклеарната програма на официјален Техеран се одвиваат добро и во конструктивна атмосфера. Али Ашгар Солтаниех, пратеникот на Техеран во Обединетите нации, ја даде изјавата во Виена, на вториот ден од разговорите. За сега не е јасно дали е постигнат некаков напредок. Последните разговори меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија во февруари завршија без постигнат договор. Агенцијата на Обединетите нации ги истражува сомненијата дека со нуклеарната програма може да се произведе оружје и бара пристап до иранскиот воен комплекс Парчин.
XS
SM
MD
LG