Достапни линкови

logo-print

Карзаи во посета на Германија пред НАТО самитот во Чикаго


Авганистанскиот претседател заминува во официјална посета на Германија, по што ќе присуствува на самитот во Чикаго, каде меѓу другото ќе се дискутира и за иднината на неговата земја која е погодена од конфликт. Како што соопшти кабинетот на претседателот, Карзаи во германија ќе потпише договор за долгорочна соработка со канцеларот Ангела Меркел. На Самитот во Чикаго Карзаи ќе присуствува на дискусии за иднината на Авганистан како и за повлекување на 13,000 странски трупи од земјата до крајот на 2014 година, по што безбедносните сили во земјата ќе превземат целосна контрола.
XS
SM
MD
LG