Достапни линкови

Македонија „во лов“ на кинески инвестиции


Премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот кинескиот колега Вен Џиабао во Пекинг.

Премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот кинескиот колега Вен Џиабао во Пекинг.

Во Македонија има незначителен процент странски инвестиции од Кина. Македонската делегација ја промовира земјава пред кинеските бизнисмени.

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг се сретна со неговиот кинески колега Вен Џиабао. Ова е втора средба на Груевски со неговиот кинески колега за само неколку недели.
Компаниите кои ќе се лоцираат кај нас со интенција да го покријат европскиот пазар, можат да го извезуваат своето производство кое го направиле во Република Македонија на европските пазари без никакви тарифни и нетарифни ограничувања.

Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.

Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.

Премиерот, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида, е во шестдневна економско-политичка посета на Кина. Македонската делегација ја сочинуваат десетина луѓе, а владиниот портпарол Мартин Мартиновски, не прецизирајќи, рече дека патувањето во Кина чини колку што чинат авионските билети и хотелското сместување во Кина, со тоа што и одреден дел од сместувањето е на товар на домаќините. Чинењето на посетата е незначитено во споредба со политичкиот и економскиот ефект од средбите, вели тој.
Ова значи дека сигурно тие користат евтина работна рака пред се и може некои други поволни услови околу даноци и даночна политика на тие инвестиции.

За време на турнејата за привлекување инвестиции, македонската делегација учествува на неколку бизнис-форуми во Кина, а има и поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори. Владата ќе понуди проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата, информатичката технологија и останатите лесни индустрии.
Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.

Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг.


Во Македонија има незначителен процент странски инвестиции од Кина. Премиерот Груевски, на бизнис форум во Пекинг рече дека предноста на Македонија во однос на другите земји е тоа што во Македонија нема никакви специјални бариери за кинеските компании.
Едната област е енергетиката, енергетскиот сектор, а вториот дел е во развој на рударството и суровините, посебно на металите. Во овие две области Македонија има можности, во другите области е веќе покомплицирано.

„Компаниите кои ќе се лоцираат кај нас со интенција да го покријат европскиот пазар, можат да го извезуваат своето производство кое го направиле во Република Македонија на европските пазари без никакви тарифни и нетарифни ограничувања“, рече Груевски.

Зошто кинеските инвеститори би дошле токму во Македонија, кога речиси сите земји од регионот, па и Европа се борат за привлекување на кинеските инвеститори?

Универзитетскиот професор Мирач Хани вели дека е добро што владата се обидува да привлече кинески инвеститори. Слабоста на Македонија е што е мал пазар, но предност е тоа што на Кина е заинтересирана за Балканот, вели тој.

„Ова значи дека сигурно тие користат евтина работна рака пред се и може некои други поволни услови околу даноци и даночна политика на тие инвестиции.“

Слабост на Македонија е тоа што е мал пазар и мал производител за да се наметне како извозник на кинескиот пазар. Претседателот на македонско-кинескиот деловен центар во Стопанската комора на Македонија Драган Младеновски вели дека секоја држава има свои компаративни предности кои што треба да се истакнат.

„Едната област е енергетиката, енергетскиот сектор, а вториот дел е во развој на рударството и суровините, посебно на металите. Во овие две области Македонија има можности, во другите области е веќе покомплицирано.“

Младеновски вели дека македонските фирми, со државна помош, може да се наметнат како извозници на вино и цигари на кинескиот пазар.

„За друго ние не сме во моментов спремни, можностите на нашето стопанство не се од тој обем за да можеме да бидеме интересни како произведувачи на стоки кои би биле атрактивни за кинескиот пазар.“

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу Македонија и Кина во 2011 година изнесувала околу 482 милиони долари, од кои само 127 милиони долари се извезени македонски производи во Кина, а увозот е 355 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG