Достапни линкови

Воена интервенција на силите на ЕУ против сомалијските пирати


Поморските сили на Европската Унија извршиле воздушен напад врз база на пирати на сомалијскиот брег. Според портпарол на шефицата за надворешни работи Кетрин Ештон, акцијата била дел од новиот пристап за битка против пиратите во тој регион. Сомалијските пирати во изминатите години киднапираа повеќе бродови во водите на Индиски Океан и за нив бараа големи суми пари. Се верува дека моментално приратите држат во заложништво околу 17 бродови со 300 членови на екипажите.
XS
SM
MD
LG