Достапни линкови

Јанукович: Европа да не ја понижува Украина


Украинскиот претседател Виктор Јанукович рече дека Европа не треба да ја понижува Украина, во услови кога официјален Киев се соочува со дипломатска криза со Европската унија. „Важно е да не бидеме понижени. Нема да дозволиме тоа да се случи“ изјави Јанукович. Украина го одложи Европскиот самит и се соочува со најави за бојкот на натпреварите од Европското првенство во фудбал поради третманот на екс-премиерката на земјата Јулуја Тимошенко во затвор. Таа речиси три недели штрајкуваше со глад поради тоа што наводно ја тепале затворските стражари. Тимошенко отслужува седумгодишна затворска казна, обвинета за злоупотреба на службената должност.
XS
SM
MD
LG