Достапни линкови

Двајца загинати во бомбашки напад во Пакистан


Полицијата во Пакистан соопшти дека двајца војници загинале а неколкумина се повредени во експлозија на автомобил бомба во градот Куета во северозападот на земјата. Полицијата и безбедносните сили се честа мета на напади во провинцијата Балочистан. Минатата недела високорангиран полициски службеник беше застрелан во напад на терористичка група поврзана со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG