Достапни линкови

Сервер и Петерсен: „Чикаго го држи клучот за Балканот“


Влезот на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго и хрватскиот влез во ЕУ следната година се најдобрите можности што ги имаме во овој миг за да покажеме дека аспирациите на целиот регион можат да се остварат и да го зацврстиме мирот во овој се уште кревок регион, пишува во заедничкиот коментар на американскиот аналитичар Даниел Сервер и поранешниот висок претставник на ОН на Косово Сорен Јесен Петерсен. Во текстот насловен „Чикаго го држи клучот за Балканот“, Сервер и Петерсен оценуваат дека членството на Македонија во НАТО е едно од најделикатните прашања со кои се соочува регионот.
XS
SM
MD
LG