Достапни линкови

logo-print

Се повеќе наркозависници во Тетово


Бројката од десет нови зависници претставува зголемување во однос на истиот овој период лани. Тоа е показател дека бројката на корисници на дроги се повеќе и повеќе се зголемува, велат од Центарот за намалување на штети од употреба на дроги.

Десет нови корисници се регистрирани во првиот квартал од годинава во Центарот за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово, а во кој функционира Центарот за намалување на штети од употреба на дроги, со што вкупниот број на корисници достигна до 179. Според координаторот на Центарот, Борислав Павловски, карактеристично е зголемување на трендот за давање на социјални и медицински услуги за корисниците во Центарот.
Оваа бројка од десет нови лица претставува зголемување во однос на истиот овој период минатата година. Тоа е показател дека бројката на корисници на дроги месечно, односно квартално се повеќе и повеќе се зголемува. Центарот бесплатно нуди правни, социјални и медицински услуги и теренски услуги, односно дистрибуирање на стерилни игли и шприцеви, како и кондоми.

„Оваа бројка од десет нови лица претставува зголемување во однос на истиот овој период минатата година. Тоа е показател дека бројката на корисници на дроги месечно, односно квартално се повеќе и повеќе се зголемува. Центарот бесплатно нуди правни, социјални и медицински услуги и теренски услуги, односно дистрибуирање на стерилни игли и шприцеви, како и кондоми.“

Од Центарот за намалување на штети од употреба на дроги во Тетово информираат дека годинава е зголемен и интересот на корисниците за тестирање за хив и хепатит ц.
Борислав Павловски.

Борислав Павловски.


„Бидејќи хепатитот е тесно поврзан со користењето на дроги. Имаме случаи на лица кои веќе се корисници на дроги, но кај нив се појавува хепатит. Центарот нуди и услуги од тој тип, односно бесплатно тестирање за хепатит, а доколку се открие понатаму следи и процедура за негово лекување во соработка со други републички организации и институции.“

Според координаторот на центарот, Павловски во оваа установа постојано се врши едукација на ризичните групи, за штетните последици од дроги, преносливите болести и слично.

„Пред се со младата популација, со средношколската, затоа што дрогата се повеќе и повеќе влегува во тој дел од општеството.“

Не стигматизацијата, туку давањето на подршка на овие лица и активна соработка меѓу сите битни субјекти е клучот на успех во насока на сите штетни појави во општенството. За таа цел Центарот за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово, односно Центарот за намалување на штети од употреба на дроги има одлична и постојана соработка со Метадонскиот центар, Центарот за јавно здравје и Инфективното одделение при Клиничката болница во Тетово.
XS
SM
MD
LG