Достапни линкови

Барање до САД и ЕУ за ревидирање на односите со Узбекистан


Меѓународните организации „Амнести интернешнл“ и „Хјуман рајтс воч“ побараа од Европската унија и Соединетите американски држави да ги ревидираат односите со Узбекистан, со оглед на влошеното почитување на човековите права во земјата. Двете земји издадоа посебни изјави на денот кога се одбележува седумгодишнината од масакрот во Андиџон, кога повеќе луѓе беа застрелани. Организациите сметаат дека по седум години ЕУ и САД се уште не побарале одговорност за масакрот од узбекистанската влада како и репресијата на политичките опоненти која трае до ден денес. Во 2005 година узбекистанските безбедносни сили убија повеќемина демонстранти во Андиџон а повеќемина беа кривично гонени. Точниот број на убиени се уште не е познат. Европската унија воведе санкции за Узбекистан, но со тек на време ги олесни мерките.
XS
SM
MD
LG