Достапни линкови

Грција ќе снема пари за шест недели?


Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ предупреди дека политичкиот ќорсокак во Грција ја зголемува веројатноста земјата да излезе од еврозоната и го отежнува оценувањето на рејтингот на грчките банки, објави грчкиот весник „Етнос“. Агенцијата посочува дека „се зголемува веројатноста за некоординиран грчки банкрот и за излез на Грција од еврозоната“. „Мудис“ смета дека ако Грција излезе од еврозоната, тоа ќе биде значителен негативен фактор за оценување на кредитниот рејтинг на грчките банки. Се стравува и од масовно бегство на штедачите од банките, замрзнување на депозитите од владата, нова валута која ќе ги обезвредни вложувањата, економски нереди и префрлување на одговорноста врз грчките власти за финансирање и рекапитализирање на банките од Европските монетарни институции.
Во меѓувреме, aктуелниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос изјави дека за шест недели земјата ќе остане без пари и не ќе може да ги исплати платите и пензиите. Во интервју за лондонски „Сандеј Телеграф“, грчкиот политичар признава дека е „многу исплашен од она што се случува во Грција“ по парламентарите избори.
XS
SM
MD
LG