Достапни линкови

Протести на азербејџанската опозиција


Опозицијата во Азербејџан одржа ненајавен протест во Баку преку кој бара од властите да се дозволи организирање на јавни собири во центарот на главниот град. Десетици активисти, припадници на група која се нарекува Јавна комора, бараа и оставка од градоначалникот на Баку Хајиба Абуталибов. Полицијата ги спречи активистите кои сакаа да влезат во канцеларијата на градоначалникот и уапси неколкумина демонстранти. Претставник на меѓународната ОБСЕ наводно бил присутен на собирот за да ја надгледува конфронтацијата.
XS
SM
MD
LG