Достапни линкови

Грција: мали шанси за влада на национално единство


Фотис Кувелис

Фотис Кувелис

Политичкиот ќорсокак во Грција продолжува, бидејќи партиските лидери не успеваат да се согласат да формираат влада и да избегнат нови избори. За вечер се најавени нови разговори, но според посматрачите, постојат мали шанси за напредок. Лидерот на малата проевропска партија Димар чија позиција се смета за клучна во формирањето влада, Фотис Кувелис изутрината изјави дека не може да има никаква влада на национално единство. Доколку партиските лидери не постигнат договор, на Грција и се закануваат нови избори во јуни, а ќе биде доведено под прашалник и членството на земјата во еврозоната.
XS
SM
MD
LG