Достапни линкови

logo-print

Мексико: Нарко картелот Сетас одговорен за масакрот врз 49 луѓе


Мексиканскиот нарко картел Сетас ја презеде одговорноста за убиството на 49 луѓе, чии тела вчера биле пронајдени во близина на Монтереј, соопштија локалните власти кои оценија дека станува збор за насилство меѓу банди на организиран криминал, а не напад врз цивилносто население. Во почетокот на мај, мексиканската полиција пронајде тела на уште 23 убиени. Двата мексикански нарко картели Сетас и Синалоа водат војна за контрола на трговијата со дрога. Од 2006 година кога претседателот Фелипе Калдерон покјрена офанзива против нарко картелите досега се убиени околу 50 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG