Достапни линкови

СБ на ОН денеска за Косово


Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа извештајот за ситуацијата на Косово во изминативе три месеци. Во него генералниот секретар Бан Ки Мун предупредува дека и покрај напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, напнатоста и натаму ги загрузува мирот и стабилноста на Косово и во регионот. ,,Просторот за дијалог во наредните месеци би можело да биде стеснет ако не се зачува мирот или ако одговорите на јавноста на инцидентите и провокациите бидат непромислени. Неоправданите апсења, пасивноста на нетолеранцијата и воинствената реторика неизбежно водат кон натамошни тензии и насилство,, наведува Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG