Достапни линкови

Иран - Западот ги загрозува преговорите за нуклеарната програма


Амбасадорот на Иран во МААЕ Али Ашгар Солтани

Амбасадорот на Иран во МААЕ Али Ашгар Солтани

Иран го предупреди Западот дека примената на притисок може да ги загрози разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Иранската државна телевизија објави дека главниот ирански преговарач за нуклеарната програма Саид Џалили му го кажал ова на поранешниот француски премиер Мишел Рокард кој го посети Техеран во пресрет на разговорите закажани за 23 мај во Багдад. Освен Иран, на разговорите ќе учествуваат САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија. Џалили ги повикал западните претставници да избегнуваат „неконструктивни забелешки“ во пресрет на преговорите, објави телевизијата без да наведе детали.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во петокот рече дека се надева оти разговорите ќе создадат основа за Иран на крај да се откаже од „програмата за нуклеарно оружје“.
XS
SM
MD
LG